More

    Вработените во министерството за култура и денеска протестираа за 30 отсто повисоки плати

    spot_img

    Вработените во Министерството за култура имаат Колективен договор, кој според она што го имам видено е еден од подобрите за работниците ако ги погледнете нивото на бенефиции во делот на плати кои ги дава. Сепак, вработените може да разговараат со надлежните во Министерството и во однос на остварување на своите права и секогаш секој има право да побара поголема плата, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски коментирајќи го протестот пред Владата.

    Тој посочи дека линеарно зголемување за 2.175 денари ќе има и за околу 27.000 работници кои имаат колективни договори што се усогласени со Законот за минимална плата.

    На денешниот  трет ден од протестот вработените во Министерството за култура, Управата за културно наследство и од Агенцијата за филм побараа од министерот за финансии да го одобри Колективниот договор со кој тие би добиле зголемување од 30 проценти од сегашната плата.

    – Три дена молк, во кои ги добивме и најновите информации од Собранието, кои говорат дека на вработените во оваа институција, со измени и дополнувања на Законот за Собранието на Северна Македонија, од 23 март оваа година, објавен во Службен весник на РСМ бр 65/2023 година, им се зголемува платата, односно се зголемуваат бодовите по звања и вредноста на самиот бод кој се врзува со минималната плата. Очигледно е дека постои нерамноправност меѓу вработените во јавниот сектор. Едни се во привилегирана состојба, а останатите треба да молчат и да се помират со фактот дека своите работни обврски и задолженија треба квалитетно и навремено да ги извршуваат за плата од 25 илјади денари – изјави денеска претседателот на Синдикалната организација на УПОЗ при Министерството за култура, Бранко Костовски, напоменувајќи дека нема да се откажат од протестот сè до исполнувањето на барањата.

    На денешниот протест учестуваа и претставници на Синдикатот на културни работници (СКРМ), кои изразија поддршка, а како што најави Костовски, наскоро очекуваат да им се придружат и нивни колеги од другите министерства.

    – Ако во финансии велат дека потпишувањето на Колективен договор со нашите институции не е во корелација со процесот на фискална консолидација за наредниот срендорочен период, како се оправдува зголемувањето на платите на вработените во ова Министерство? Бараме од Владата и од премиерот да не дозволат ваква поделба на дел од вработените во јавниот сектор. Го бараме само она што ни следува, достоинствена плата за работата и одговорностите што ги имаме. Ова наше незадоволство кое секој ден се изразува преку присуството на вработените, јасно говори дека ние самите сме ги надминале сите предрасуди и поделби и дека сме обединети во нашите заложби за зголемување на платите во секторот култура – додаде Костовски.

    Генералниот секретар на Синдикатот на УПОЗ, Бојан Трипуновски на протестот укажа дека со укинувањето на членот 4 од Законот за плати и други надоместоци за избраните и именуваните лица, платите на функционерите ќе се зголемат согласно коефициентот на сложеност на работното место, кој ќе се множи со просечната плата исплатена на државно ниво.

    Со оваа измена, како што рече, платите на функционерите ќе се зголемат и двојно, а административните службеници треба да бидат задоволни со усогласување на платите со порастот на минималната плата.

    – Надлежните не најдоа за сходно оваа група на вработени да ги удостојат со прием и да ги слушнат нивните барања. Затоа, сакам да го прашам министерот за финансии Фатмир Бесими, дали оваа група на вработени работи помалку сложени работи од вработените во Министерството за финансии? Министерот за финансии се јавува како главен кочничар,  кој не ги одобрува колективните договори, односно не дозволува за одредена група на вработени да се покачат платите како што се покачени во ова Министерство – рече Трипуновски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img