Вработените во Министерството имаа средба со Фатмир Бесими

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претставници на Синдикатот на вработените во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм денеска остварија средба со министерот за финансии Фатмир Бесими, на која ги повторија своите барања за покачување на платите, но не изнајдоа заедничко решение.

Претседателот на Синдикалната организација на УПОЗ при Министерството за култура, Бранко Костовски за МИА потврди дека средбата ја оствариле веднаш по завршување на денешниот протест, на која ги кажале своите барања, а тоа е потпишување на Колективен договор и покачување на платите по принципот на Министерството за финансии.

Костовски рече дека од понеделник ќе продолжат со протестите. Како што додаде во изјавата за МИА, Синдикатот нема да сè откаже се до прифаќање на нивните барања.

Инаку, вработените во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм веќе трета недела по ред излегуваат на протест на кој го повторуваат своето барање за достоинствени плати.

Денеска, за време на протестот Костовски за МИА изјави:

– Едноставно, не може човек а да не се праша, дали во државата во која владее правото, не треба секој подеднакво да ги ужива своите основни човекови права? Како може видлива група од 190 вработени во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм да биде толку невидлива за надлежните во државата? Зарем егзистенцијалниот проблем на 190 вработени од секторот култура е прашање за кое не може да се најде решение.

Share This Article