Вондредна состојба во дирекцијата на ЈЗУ Општа Болница Охрид, ВД директорот Д-р Асен Шајн ги собирал вработените за да му кажат кој од вработените ги доставил судските покани на редакцијата Охридскај

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вондредна состојба во дирекцијата на ЈЗУ Општа Болница Охрид, ВД директорот Д-р Асен Шајн ги собирал вработените за да му кажат кој од вработените ги доставил судските покани на редакцијата Охридскај.

Вистинска бркотница низ дирекцијата на охридската болница насатанала утрово , од како редакцијата Охридскај објави за отворањето на  кривична постапка во охридскиот суд против Д-р Асен Шајн и Д-р Ристо Медаровски,за дело против здравјето на луѓето,но и од како јавно ги обзбанивме поканите кој Основниот суд од Охрид ги испратил до вработените во охридската болница.

Кривичниот предмет кој е оформен во Основниот суд во Охрид ,а со кој предмет раководи судијата Александра Попстефанија,каде како осумничени лица се појавуваат Д-р Асен Шајн и Д-р Ристо Медаровски, долго време се чуваше во јавноста и кај вработените во охридската болница под назнака СТРОГО ПОВЕРЛИВО! Ваквата назнака на тајност беше втемелена само под еден основ ,а тоа е да се заташка употребата на леково со изминат рок во охридската болница, но и да се затскрие целиот случај со пациент кој поради ординирана терапија со изминат рок ,доживеал Анафилактичен шок и за малку не завршела интервенцијата со смртни последици.

Како главен и одговорен уредник на редакцијата Охридскај,сакам да му ги скратам маките на ВД Директорот во заминување Д-р Асен Шајн.

Изворот согласно законот за информирање секако дека преставува тајна и нема да го откријам.Од друга страна , судските покани се од јавен карактер,тргнувајки од судија, писарница, курирска служба , вработени во суд, вработени во охридската болница итн..

Доколку сака да истражува и понатаму кој ги доставил поканите до редакцијата Охридскај,ќе мора да ги сослушува не само вработените во охридската болница, туку и вработени во судот, полиција , обвинителство итн…секако ако има време и ако остане директор уште 24 часа….

Сашо Денесовски

Share This Article