More

    Во понеделник почнува судењето на поранешниот косовски лидер Хашим Тачи

    spot_img

    Поранешниот герилец и косовски претседател Хашим Тачи, херој меѓу своите сонародници за водењето на бунтот против српската власт во 1998-99 година, што на крајот доведе до независност на Косово, ќе се појави пред судот во Хаг во понеделник за наводни воени злосторства.

    Во ноември 2020 година, Специјалниот суд за воени злосторства на Косово, со седиште во Хаг, го обвини Тачи за воени злосторства и злосторства против човештвото.

    Тачи, поранешниот водач на Ослободителната војска на Косово (ОВК), е обвинет по 10 точки од обвинението за прогон, убиства, тортура, присилно исчезнување на лица и други злосторства извршени за време на борбата за независност.

    54-годишниот поранешен претседател веднаш по покренувањето обвинение поднесе оставка од функцијата шеф на државата и се пријави во притворското одделение на судот во Хаг.

    Тројца од неговите најблиски соработници, вклучително и двајца поранешни претседатели на парламентот, се соочуваат со исто обвинение како и поранешните герилци на Ослободителната војска на Косово (ОВК).

    Покрај Тачи, во истото обвинение се вклучени и Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими.

    Сите четворица беа обвинети за „заеднички злосторнички потфат во кој беа извршени масовни, систематски напади“ врз српските цивили на Косово и косовските Албанци кои беа политички противници на ОВК.

    Целта на Специјалниот суд за Косово беше да ги истражи наводните злосторства извршени од поранешни припадници на ОВК против етничките малцинства и политичките противници во периодот од јануари 1998 до декември 2000 година.

    Од водач на герилци до претседател
    Како што борбите стивнаа и српските сили се повлекоа поради бомбардирањето на НАТО, Тачи ја замени командантската воена униформа со сино одело и вратоврска и влезе во политиката. Кога Косово прогласи независност во 2008 година, тој беше премиер, а во 2016 година стана претседател.

    Во пресрет на почетокот на судењето низ цело Косово се појавија плакати со фотографии на Тачи и поранешниот претседател на парламентот Весели, на кои пишува „Херои на војната и мирот“.

    Во недела на Косово беше најавен протест за поддршка на поранешните ветерани на ОВК.

    Но, од друга страна има и такви кои се надеваат дека судењето е последна шанса да дознаат што се случило со нивните најблиски.

    Меѓу нив е и Олгица Божаниќ, која се уште се обидува да открие што точно се случило со нејзините браќа Тодор и Лазар Костиќ, чии останки беа пронајдени во масовна гробница на западот на Косово во 2005 година.

    Таа масовна гробница е покриена со обвинение.

    „Од изјавите на сведоци знаеме дека тие биле однесени од селото со други мажи во јули 1998 година и дека биле мачени. Но, не знаеме кога и како се убиени, можеби на судењето ќе излезат деталите“, изјави Божаниќ.

    Браќата Костиќ беа дел од голема група затворени Срби во јули истата година и подоцна беа убиени на работ на висока карпа. Според еден од истражителите, џелатите се обиделе да ги сокријат телата, но во 2005 година тим од форензичари на ОН откриле масовна гробница.

    Заедно со браќата Божаниќ, ОВК подоцна приведе и уби 15 нивни роднини.

    Очекувам виновниците да бидат осудени за да не можат повеќе да мачат и убиваат“, изјави Олгица Божаниќ.

    Судење на поединци, не на ОВК

    Специјалниот суд за Косово е формиран во 2015 година и исклучиво се занимава со случаи против поранешни герилци на ОВК. Нејзиното седиште е во Хаг, а судиите и обвинителите се меѓународни.

    Голем број косовски Албанци сметаат дека судот во Хаг е пристрасен.

    Ехат Мифтара, од невладиниот Правен институт на Косово, вели дека ова судење треба да се гледа како „случај против неколку лица од поранешната ОВК, а не како судење на Ослободителната војска на Косово или на вредностите што ги застапува народот на Косово“.

    Судот беше основан одвоено од поранешниот Меѓународен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ), исто така со седиште во Хаг, каде претежно српски функционери беа судени и осудени за воени злосторства извршени во Хрватска, Босна и Херцеговина и Косово.

    За време на војната, на Косово беа убиени повеќе од 13.000 луѓе, главно припадници на мнозинството косовски Албанци. Во тоа време Косово сè уште беше српска покраина под цврстата рака на Слободан Милошевиќ.

    На Милошевиќ му се судеше во МКТЈ за воени злосторства врз косовските Албанци, но тој почина во затвор во 2006 година, без да ја чека пресудата.

    Србија сè уште одбива да ја признае државноста на Косово.

    За странските и домашните адвокати во тимот на одбраната на Тачи и останатите обвинети, Приштина досега издвоила 16 милиони евра.

    Во одбраната на Тачи е и Американецот Грегори Кехо, кој рече дека обвинителите имаат рок од дури две години да презентираат докази.

    „Овој човек направи голема жртва сите овие години и се надеваме дека ќе успееме да го покажеме тоа во судницата и да докажеме дека е чесен и вистинит човек и дека ќе ја завршиме постапката со негова ослободителна пресуда“, рече Кехо.

    Кехо беше во тимот на одбраната на хрватскиот генерал Анте Готовина, а претходно член на тимот на хашкото обвинителство.

    Кон средината на февруари, на последната подготвителна конференција за почеток на судењето, беше соопштено дека Канцеларијата на Специјалното обвинителство за воени злосторства на Косово (СЈО) во Хаг има повеќе од 300 сведоци кои ќе дадат изјави за време на судска постапка за случајот против Тачи и други, со дополнение дека ќе бидат обелоденети повеќе од 40 места каде наводно биле извршени кривични дела.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img