More

    Во Либија исчезнаа 2,5 тони природен ураниум

    spot_img

    Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во средата објави дека околу два и пол тони природен ураниум исчезнале од локација во Либија.

    При посетата во вторникот, инспекторите на агенцијата на ОН утврдиле дека недостасуваат 10 контејнери со околу 2,5 тони природен ураниум во форма на концентрат на руда од ураниум, на местото каде што властите пријавиле дека се складирани, напиша генералниот директор на агенцијата Рафел Гроси во извештај до земјите членки.

    МААЕ соопшти дека ќе спроведе дополнителни проверки за да се разјаснат околностите под кои исчезнала супстанцијата и да се утврди нејзината моментална локација. Не е прецизирано за која локација се работи.

    Во 2003 година, Либија се откажа од својата програма за развој на нуклеарно оружје под власта на Моамер Гадафи. По неговото соборување во 2011 година и по 42 години од неговото владеење, земјата западна во голема политичка криза со ривалски влади со седиште во источниот и западниот дел на земјата, голем број вооружени групи и платеници низ целата земја со странско мешање.

    Две влади се натпреваруваат за власт. Владата чие седиште е во Триполи е призната од Обединетите нации, а другата се наоѓа на исток и е поддржана од командантот Калифа Хафтар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img