More

    ВО АВСТРИЈА И ВО ХРВАТСКА ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА И СО СТАРИТЕ ПАСОШИ

    spot_img

    Австрија и Хрватска имаат разбирање за македонскиот проблем со патните исправи и им излегуваат во пресрет на македонските граѓани кои непречено ќе можат да го остваруваат правото на слободно движење во овие две земји со старите пасоши, доколку истите имаат валиден рок и регулиран престој.

    Ова го нагласија амбасадорите Мартин Памер и Нивес Тигањ на одвоени средби со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерот Назим Буши и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев.

    Министерот Тошковски го поздрави разбирањето на земјите членки на ЕУ кое го имаат во однос на техничката природа на прашањето за проблемот со патните исправи, изразувајќи волја за надминување на овој проблем, се вели во соопштението на МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img