ВМРО-ДПМНЕ бара институциите да реагираат и да не ја префрлаат топката едни на други и да го истражат начинот на кој внукот на лидерот на ДУИ Али Ахмети Дрин станува познат инвеститор и во бизнис со струја

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара институциите да реагираат и да не ја префрлаат топката едни на други и да го истражат начинот на кој внукот на лидерот на ДУИ Али Ахмети Дрин станува познат инвеститор и во бизнис со струја.

Опозициската партија денеска сподели информација дека Дрин во 2019 година кога имал 21 година добил концесија за мала хидроелектрана.

„Владата контролирана од Али, му дала концесија за мала хидроцентрала на Дрин Ахмети во 2019, кланот Ахмети стануваат мултимилионери. Дрин Ахмети кога ја добил концесијата за мала хидроцентрала имал само 21 година, и како таков инвестирал 1,2 милиони евра, сега не негови, зошто како што кажа самиот тој само има добри идеи, па како во случајот со Соравиа, плаќаат или банките или други бизнисмени. И додека народот едвај плаќа сметки за струја, за внукот на Али, Дрин Ахмети плаќаат за да му дадат 39% од бизнис од 30 милиони“, соопшти партијата.

Оттаму додаваат дека младиот Ахмети станал популарен инвеститор во време кога ДУИ е во власта.

„Каменолом за варовник, мала хидроцентрала, 39% од деловниот центар Соравиа, ова се дел од мултимилионските бизниси на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, ова се бизниси стекнати во време кога Али Ахмети е политичка фигура без која владата на СДС не би опстанала ниту ден. Али Ахмети е значаен чинител во власта, додека неговиот внук влегува во мултимилионски бизниси“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата бара реакција од институциите.

Share This Article
Exit mobile version