Владата го зголеми бројот на припадници на АРМ кои ќе учествуваат во НАТО операцијата „КФОР“

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонија го зголемува бројот на македонски војници кои ќе учествуваат во НАТО операцијата „КФОР“ на Косово. Дополнителен вод од 35 припадници на македонската армија ќе биде испратен на Косово, одлучи Владата на денешната владина седница.

„Одлуката е донесена врз основа на препораките на високите воени претставници во НАТО и заклучоците донесени на состанокот на началниците на генералштабовите на земјите членки на иницијативата за соработка во одбраната, а со цел зајакнување на безбедноста и сигурноста на Република Косово. За учество во НАТО операцијата се испраќаат 70 припадници на Армијата за период од шест месеци, сметано од ноември 2023 до мај 2024 година“, информираат од Владата по одлуката донесена на денешната седница.

Со оваа измена на Одлуката, вкупниот број со кој Македонија ќе учествува во операцијата „КФОР“ во Република Косово ќе изнесува 101 припадник на Армијата.

Фото: МИА

Share This Article
Exit mobile version