Вашингтон предупреди, Москва и Техеран се на потег

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

САД денеска упатија предупредување дека Иран ќе се соочи со значајни последици ако одлучи да испорача стотици балистички проектили на Русија.

– Подготвени сме да дадеме брз и силен одговор ако Иран се впушти во пренос на балистички ракети – изјави пред новинарите во Вашингтон, портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ведант Пател.

Според него, САД веруваат дека тоа „ќе претставува сериозна ескалација на иранската поддршка на рускиот агресивен напад против Украина“.

Исто така, Соединетите Американски Држави се подготвуваат за значителни напади што би можеле да ги извршат иранските приврзаници на Блискиот Исток уште во текот на оваа недела, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби.

Кирби им рече на новинарите дека во последните денови САД го зголемија бројот н

Тензиите на Блискиот Исток ескалираа по атентатот на лидерот на политичкото крило на Хамас, Исмаил Ханија, во Техеран на 31 јули. Иран и Хамас го обвинија Израел за смртта на Ханија.

Ватикан го повика Иран да покаже воздржаност во контекст на заканата од ескалација на Блискиот Исток, јави ДПА.

Во телефонски разговор со новиот ирански претседател Масуд Пезешкиан, државниот секретар на Ватикан, кардинал Пиетро Паролин, изразил „сериозни грижи за случувањата на Блискиот Исток“, се вели во изјавата на Светиот Престол.

Во меѓувреме, светот го исчекува и можниот воен одговор на Русија кон украинските освојувања на рускиот регион Курск. Киев тврди дека нападот во Курск не бил пријавен во Вашингтон, но операцијата, оддалеку, влијаела на пресметките на Иран поради изложеноста на Русија на нападот.

- Advertisement -

„Волстрит журнал“ пишува дека во САД нема едногласие кога станува збор за проценката за последиците од украинската операција во Курск.

Share This Article
Exit mobile version