Украинската армија го урна споменикот на Маршал Жуков во Харков

By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во Харков беше урнат споменикот на советскиот маршал Георги Жуков.Агенцијата NEXTA објави видео на кое се гледа како украинските војници со камион рушат споменик од пиедесталот на кој стоел.

 

„Прес-службата на градскиот совет во Харков, која долго и постојано се спротивставува на демонтирањето на споменикот, сè уште не коментира ништо“, објави NEXTA.

Маршал Жуков се смета за еден од најголемите војсководци од Втората светска војна. Тој бил организатор на отпорот на нацистичката војска во Ленинград и Сталинград, а бил и водач на Црвената армија која го окупирала Берлин. По војната, тој се најде на удар на Сталин кој го сметаше за закана. Починал во 1974 година.

Share This Article
Exit mobile version