Украина, Молдавија и Грузија поднесоа кандидатури, ЕУ ги одобри

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ попладнево постигнаа договор по барањата на овие три земји да поднесат апликација за членство во ЕУ, а сега Комисијата е на потег, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Како што информираа од француската делегација, која претседава со Советот на ЕУ до крајот на јуни, амбасадорите на 27-те земји членки попладнево дадоа зелено светло Европската комисија да ги разгледа кандидатурите на Украина, Грузија и Молдавија.

Европската комисија сега има задача да анализира и да објави мислење за евентуалното членство на овие три земји во Европската Унија.

До сега Украина, Молдавија и Грузија не беа дел од процесот на проширување, за разлика од Западен Балкан. Со оваа одлука се отвора можност да се промени оваа состојба.

Засега од Европската комисија нема одговор на прашањето дали има рок кога ќе се објави мислењето за кандидатурата на трите источни земји.

Украина е земја во војна, а Молдавија и Грузија се составени од сепаратистички територии, што несомнено ќе го усложни процесот на пристапување кон ЕУ.

Некои земји членки, пред сѐ источноевропските, бараат брза процедура на членство за Украина, но и Грузија и Молдавија, како одговор кон воените дејствија на рускиот претседател, но околу ова нема консензус во ЕУ, каде проширувањето останува чувствителна политика.

За брза процедура на зачленување, дипломатите објаснуваат дека тоа би морало да биде одлучено на ниво на шефови на држави и влади на ЕУ. 

Share This Article