Група нападни беспилотни летала „Шахед“ лансирани од руски војници го нарушиле воздушниот простор на Романија за време на нападот врз украинскиот регион Одеса, објавија на Телеграм украинските воздухопловни сили, пренесува Укринформ. Еден од дроновите се движел кон градот Вилков, на границата со Украина.
Во текот на ноќта, жителите на регионите Тулча и Констанца во Романија добија смс-порака со предупредување за можен напад.
Подоцна, во ново соопштение украинските сили објавија:
„Дроновите се во регионот на Одеса! Одат во Садове. Дроновите се во јужниот дел на регионот Одеса. Курсот е кон градовите Вилково и Килија. Дроновите се во Романија, во близина на Сабангија”.
Украинските воздушни сили соопштија дека противвоздушната одбрана на Украина уништила 15 од 23 дронови и една наведувана ракета, лансирани од Русија во текот на ноќта, се вели во објавата на „Телеграм“. Според нив, два дрона и три руски ракети не стигнале до своите цели. Дроновите најверојатно биле пресретнати од украинските електронски системи за противвоздушна одбрана, се додава во соопштението.
Две деца се меѓу повредените во градот Суми, објави локалната украинскатасуми воена администрација на „Телеграм“. Неколку станбени згради и автомобили се оштетени, се вели во соопштението.
Претставниците на Украина во ОБСЕ претходно ги повикаа соседните земји да соборат руски ракети и да нападнат беспилотни летала.
Во меѓувреме, руските сили објавија за украински напди со дронови на руска територија во пограничниот регион Белгород.
Во Белгород, тројца цивили, вклучително две деца, биле повредени во украински воздушен напад, напиша гувернерот на областа Вјачеслав Гладков на Телеграм.