Полицијата во Босна и Херцеговина уапси едно лице кое е осомничено за убиство на шведскиот државјанин Харис Остердал во сараевската населба Штуп.
Според неофицијални информации, уапсениот е и шведски државјанин, а е уапсен во областа Соколац.
Припадниците на полициската управа на Источно Сараево го предадоа на колегите од МУП на кантонот Сараево.
По вториот осомничен напаѓач се уште интензивно се трага, јави денеска БХРТ.
Остердал е убиен во вторник попладне пред станбениот комплекс Булевар во населбата Штуп.
Уште еден маж со иницијали Е.М.(22) кој бил со Остердал се здобил со полесни повреди и му била укажана лекарска помош во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, а како што дознава порталот Klix.ba и тој е државјанин на Шведска.
Остердал (30) е познат по бројни злосторства во Шведска, а тамошните медиуми јавуваат дека тој е и водач на нарко мрежа. Тој е осуден на четири години затвор за трговија со дрога.
Како што пишува Klix.ba, според првите информации, се претпоставува дека се работи за платени убијци кои намерно дошле во Сараево да го ликвидираат Остердал.