Цуфи Кока се товари за предизвикување општа опасност

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Цуфи Кока, човекот кој пукаше со пиштол на плоштадот „Скендербег“ за време на протестниот марш на противниците на францускиот предлог е само еден од тројцата на кои Кривичен суд им изрече мерка притвор од осум дена.

Другите двајца се демонстранти кои предизвикале инциденти пред Собранието на 5 и 6 јули.

Цуфи Кока се товари за кривичното дело предизвикување општа опасност. Пред судија на претходна постапка тој и останатите двајца демонстранти се произнеле во присуство на бранител.

„Судот смета дека се исполнети условите од член 470 ст.1 т.1 и 2 односно постои опасност од бегство и можност осомничените да го повторат кривичното дело. Против овие неправосилни решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд“, соопшти Основен кривичен суд Скопје.

Share This Article
Exit mobile version