Цеца ја објави песната посветена на Џеј

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

По седумгодишна дискографска пауза, српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ ја објави новата песна „За крај“, која ја сними за филмот „Недеља“, која раскажува за животот на починатиот пејач Џеј Рамадановски.

– „Сега дозволете ми да ви покажам љубов…“ Знам дека сте нетрпеливи и не сакам да чекате долго. Одбројуваме… Симболично „За крај“ за нашиот Џеј и нашата Марина. Фута и јас – напиша Цеца на својот инстаграм-профил со новата песна која ја сподели со своите следбеници.

Песната веќе ја освои листата на трендови на платформата Јутјуб, а коментарите на обожавателите се нижат.

„Нејзината емоција вреди милион долари“, „Само ти можеш да покажеш таква емоција во гласот“, „Трогателно, таа се пее од срце“, се само дел од коментарите.

Бројни колеги ѝ дадоа поддршка на Цеца преку социјалната мрежа Инстаграм, а се огласи и нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ.

„Каква песна“, напиша Анастасија на својата инстаграм-приказна.

Песната „За крај“ ја напишаа Александар Радуловиќ Фута и сега покојната Марина Туцаковиќ пред десет години. Беше наменета за Џеј, но судбината била таква што ѝ припадна на Цеца.

– Станува збор за песна која никого не остава рамнодушен, полна со емоции, тага и болка. Исто како што беше случај со повеќето песни на Марина, но и со песните на Џеј. Можеби ова ќе биде првпат во мојата кариера, да отпеам песна која нема никаква сличност со мојот приватен живот, бидејќи како што е познато, речиси сите песни Марина ги напиша врз основа на настани од мојот живот – раскажала Цеца во една прилика.

Share This Article
Exit mobile version