Центарот за јавно здравје Скопје има прогласено епидемија и моментално на државно ниво има регистрирано 34 заболени од пертусис

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Центарот за јавно здравје Скопје има прогласено епидемија и моментално на државно ниво има регистрирано 34 заболени од пертусис. Ја користам можноста да се обратам до сите граѓани, особено до родителите кои имаат мали деца, најголемо достигнување во здравствениот систем е вакцинација. Затоа замолувам сите да пристапат кон вакцинација на своите деца, истакна денеска новиот министер за здравство во техничката Влада, Илир Демири, прашан за неговиот став за состојбата со пертусисот.

Според Демири, децата кои се невакцинирани не би требало да се вратат во градинка.

– Прво треба да се вакцинираат, па после да се вратат. Мислам дека тоа беше еден од критериумите и препорака од Комисијата за заразни болести. Сите деца кои се вакцинирани треба да одат во градинка. Тие кои не се вакцинирани, треба да ги прашате нивните родители како ќе го организираат чувањето на детето – одговори Демири на новинарско прашање по обраќањето на Свечената академија по повод отворањето на Центарот за трансплантација на хематопоетски матични клетки на Универзитетската клиника за хематологија.

Центарот за јавно здравје – Скопје, кој е надлежен да постапи по препораките од Комисијата за заразни болести, на 8 февруари  прогласил епидемија на голема кашлица во Скопје.

– Во Скопје е прогласена епидемија од пертусис (голема кашлица) и за тоа официјално ги известивме Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Мнистерството за здравство и Институтот за јавно здравје – потврди за порталот МКД.мк, Бесим Зекири, директор на скопскиот Центар за јавно здравје.

Комисијата за заразни болести препорача во градинките да не се примаат деца кои не се вакцинирани за голема кашлица, а матичните лекари при секој преглед треба да го проверат вакциналниот статус на секое дете до 14 години и да ги упатат на вакцинација невакцинираните деца. Секој сомнителен случај на бактеријата на голема кашлица лекарите да го упатат на тестирање и потоа да го пријават.

Share This Article
Exit mobile version