More

    Трипуновски: Работиме да имаме што повеќе задоволни лозари, Македонија повторно да биде препознатлив бренд по вино

    spot_img

    „Ќе работиме да имаме што повеќе задоволни земјоделци. Нема да дозволиме како во минатото да секоја година по 500-600 земјоделци од Тиквешијата едноставно ги нема во Регистарот на земјоделски производители. Тоа е сериозен пад“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на утринската емисија на Сител телевизија.

    „Ние мораме да ја враќаме Македонија и во квантитет и во квалитет. Ние сме познат бренд во светот за македонско вино. За жал со вакви количини на производство на грозје ние ќе имаме сериозна намалена количина која што ќе значи извоз, а од друга страна па и помал девизен прилив на државата“, заклучи министерот.

    Трипуновски додаде со ваквата постигната цена за килограм винско грозје релативно е задоволен.

    „Гледам по реакциите во текот на вчерашниот ден дека Здруженијата, Федерација на фармери излегуваа со поздрав за постигнато. Меѓутоа морам да потенцирам дека тука не застануваме“, нагласи тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img