Триесет и девегодишниот Кастриот Рамадани им подлегна на повредите откако синоќа беше тешко ранет во кафеана во Приштина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Триесет и девегодишниот Кастриот Рамадани им подлегна на повредите откако синоќа беше тешко ранет во кафеана во Приштина, во која беа повредени уште 17 лица, објави Коха.

– Еден од повредените почина синоќа. Се работи за 39-годишен маж. Беше на интензивна нега, му беше извршена хируршка интервенција, но за жал утрово почина од тешките повреди – изјавил доктор Шаќир Ука од Клиниката за интензивна нега во Приштина.

Во престрелката што се случи синоќа во ресторан во центарот на Приштина повредени се 17 лица, од кои четворица од огнено оружје. Меѓу повредените има и деца, пишува Коха.

Според полицијата, на пукањето и претходела расправија меѓу две групи млади момчиња, а засега се идентификувани најмалку двајца осомничени како инволвирани во случајот.

Share This Article