More

    Telegram го надмина WhatsApp по бројот на корисници во Русија

    spot_img

    Telegram го надмина WhatsApp во Русија и стана најпопуларна платформа за инстант комуникација, објави во понеделник руската телекомуникациска компанија Мегафон.

    Сопственикот на WhatsApp Meta Platforms е тужен во Русија дека е „екстремистичка организација“, па властите активно ја промовираат апликацијата Telegram откако ги забранија странските платформи како Facebook, Instagram и Twitter.

    Воената операција на Русија во Украина дополнително ги влоши постоечките спорови меѓу странските технолошки компании и Москва.

    Мегафон, еден од четирите најголеми руски телекомуникациски оператори, објави анализа на сообраќајот на мобилниот интернет, која покажува дека уделот на Телеграм пораснал на 63 отсто во првите две недели од март од 48 отсто во истиот период во февруари.

    Уделот на WhatsApp падна од 48 на 32 отсто, соопшти Мегафон.

    Просечниот корисник на Telegram трошеше 101 мегабајти податоци дневно наспроти 26 на WhatsApp.

    Telegram е основан од Русинот Павел Дуров и оваа апликација долго време е популарна платформа за информирање на Русите. Скоро сите поголеми медиуми, владини агенции и јавни личности имаат свои канали на таа мрежа.

    Неговата популарност „порасна по ограничувањата за пристап до други апликации за комуникација и социјални мрежи“, објави Мегафон, додавајќи дека растот на бројот на корисници е забележан од 24 февруари, денот кога Русија ја започна инвазијата на Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img