Таткото скокна да си го заштити детето, па доби смртна закана

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Мигрант од Еквадор е уапсен по нападот врз брачен пар со бебе во Шпанија. Видеото на кое се гледа како му удира шлаканица на бебето стана вирално на социјалните мрежи, а на снимката се слуша како мажот се заканува дека следниот пат ќе му го одземе животот на детенцето.

Родителите со бебето биле туристи од Франција, кои шетале низ паркот во Барселона.

Инцидентот се случил во неделата, а на видеото што се споделува, напаѓачот прво вербално го напаѓа парот пред да го удри бебето. Таткото се обидува да ја заштити ќерката, а мигрантот му вели на шпански: „Следниот пат ќе ја убијам“.

Според шпанските медиуми, напаѓачот бил уапсен брзо по инцидентот, а се верува дека истиот ден извршил уште два слични напади. Освен девојчето, мигрантот нападнал и 60-годишен маж кој се здобил со посекотини на лицето.

Напаѓачот е идентификуван како Хенри РЦ, 31-годишен маж од Еквадор. Засега нема точни информации за причините на неговите агресивни напади врз туристите.

Share This Article
Exit mobile version