More

    Таравари најави закон за сите маргинализирани

    spot_img

    Следната недела ќе се одржи за законот за правична застапеност, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари, одговорајќи на новинарско прашање во врска со укинувањето на балансерот. Тој уште еднаш го повтори ставот дека е потребен таков закон и дека коалицијата Вреди го подготвува законот.

    – Вреди подготвува нов закон, кој што се надевам идната недела ќе биде во јавна дебата. Ќе бидеме во координација со партнерите во коалицијата. Од сите страни е констатирано дека балансерот не функционираше како што треба – изјави денеска Таравари.

    Тој нагласи дека е потребен закон за правична застапеност, не само за етничка категорија, туку за сите категории кои што се маргинализирани во општеството.

    – Нам ни треба јавна дебата и синхронизација, бидејќи правичната застапеност е уставна категорија и секогаш кога нешто е уставна категорија, треба да постои и закон – рече Таравари.

    Пред три дена Уставниот суд го укина механизмот балансер со кој се обезбедуваше правична застапеност на сите заедници при вработувањата во јавната администрација, затоа што изјаснувањето на кандидатите од која етничка заедница се е противуставно.

    Укинувањето на балансерот предизвика поделени реакции, македонските партии го поздравија, со оглед дека не даде ефект, а максимално се злоупотребуваше, а ДУИ предупреди дека ќе се наруши меѓуетничката рамнотежа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img