2.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Tрите нуклеарни централи во Украина што се под контрола на украинската Влада се повторно во функција и приклучени на главната електрична мрежа

НАЈЧИТАНО

Tрите нуклеарни централи во Украина што се под контрола на украинската Влада се повторно во функција и приклучени на главната електрична мрежа, соопшти украинската електродистрибутивна компанија „Укренерго”.

Извршниот директор на „Укренерго”, Володимир Кудрицки вчера изјави дека прекините во снабдувањето со електрична енергија ќе бидат однапред објавени доколку нема нагло влошување на ситуацијата.

– Сите три нуклеарни централи кои се наоѓаат на неокупираната територија работат и за еден до два дена ќе го достигнат нормалниот планиран капацитет, а се очекува наместо вонредни, да може да се врати режимот на планирани прекини на електрична енергија – соопшти Кудрицки.

Тој изјави дека сега енергетскиот систем е целосно интегриран и дека сите региони се поврзани, како и дека украинската електрична мрежа повторно е поврзана со енергетскиот систем на ЕУ.

Кудрицки ги повика Украинците да штедат струја што е можно повеќе можно.

Во руските ракетни напади врз украинската енергетска инфраструктура на 23 ноември, енергетската мрежа беше сериозно оштетена, така што дојде до прекин во снабдувањето на нуклеарните и на хидроцентралите.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО