4.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Tрамп обвинува, „му дадоа 54 милиони долари и видоа сè“

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Кина ги видела стотината доверливи документи пронајдени во 10 досиеја во центарот „Пен Бајден“ од времето кога актуелниот американскиот претседател Џо Бајден бил потпретседател, пишува Њузвик. Ова го тврдеше Доналд Трамп, ривалот на Бајден на социјалната мрежа Социјална Вистина. Според Трамп, Бајден добилл 54 милиони долари од Кина за својата невладина организација.

„Леле! Тинк-тенкот на Бајден е финансиран од Кина!“, напиша Трамп на неговата социјална мрежа.

„Исто така, потпретседател не може да декласифицира документи, кои се опфатени со Федералниот закон за евиденција, кој е кривичен  закон многу потежок од Законот за претседателски досиеја, кој не е кривичен закон. Но, претседателот, јас на пример, можам да декласифицирам. Значи, уште колку вакви информации ѝ биле дадени на Кина?”, вели поранешниот американски претседател за својот колега.

И додава:

„Беа тоа 54 милиони долари што невладината на Бајден ги доби од Кина. Тоа се многу пари. (Кинезите) ги видоа доверливите документи!”

Не е јасно зошто Трамп го обвини ценатрот „Пен Бајден“ дека е „финансиран“ од Кина. Од друга страна, напис на Њујорк пост објавен во април 2022 година истакна дека Универзитетот во Пенсилванија, а не самиот центар,  примил 54,6 милиони американски долари преку кинески донации помеѓу 2014 и 2019 година.

Всушност, од 2013 до 2020 година, американските универзитети прифатиле речиси 1 милијарда долари кинески донации, а Харвард го добил најголемиот дел, пишува Блумберг.

Засега, нема докази дека центарот „Пен Бајден“ добил нешто од кинеските пари, ниту пак постои причина да се верува дека на кинески странски агенти им бил дозволен пристап до документите во замена за донација.

Но, останува нејасно е како се појавиле документите во центарот Пен Бајден. Иако во нив нема тајни за нуклеарната програма, тоа се доверливи документи.

Истовремено, самиот Трамп е под истрага за тоа што чувал доверливи документи на страна во времето кога тој беше претседател. Во неговиот случај, тој тврди дека не сторил ништо лошо, туку само дека ги декласифицирал.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Како европскиот туристички скапоцен камен стана престолнина на кокаинот (ВИДЕО)

Некогаш попознат по стариот град со калдрма и квартот со дијаманти, Антверпен сега ја носи озлогласената титула европски главен град на кокаинот. Поранешниот дилер Пол...

Од поранешната федерација лани примила повеќе од 100.000 работници

Хрватска во 2022 година ја надминала бројката од 100.000 работни дозволи за странски работници. Повеќето од нив се работници од соседните земји Босна и...

Кои функционери ќе се поклонат пред гробот на Гоце Делчев

Во чест на 151-годишнина од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност Гоце Делчев, в сабота повеќе делегации ќе положат цвеќе во...
spot_img
spot_img
spot_img