СЗО: Повеќе од 1.700 луѓе загинале во неодамнешните пожари само во Португалија и во Шпанија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека повеќе од 1.700 луѓе загинале во неодамнешните пожари само во Португалија и во Шпанија. Регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге истакна дека моменталната ситуација повторно укажува на „очајната потреба за паневропска реакција на ефикасна борба против климатските промени“.

Клуге наведе дека шумски пожари сега има дури и во Скандинавија, а пожарите во Лондон оваа недела уништиле 41 куќа. Тој додаде дека климатските промени претставуваат „сеопфатна криза“ што се заканува на здравјето на поединецот и на цело човештво“.

– Климатските промени не се нови. Сепак, последиците од нив се зголемуваат со секое годишно време, секоја година, со катастрофални исходи – посочи Клуге.

Share This Article