More

    СЗО: Незаразните болести се посмртоносни од заразните

    spot_img

    Светската здравствена организација (СЗО) објави дека болестите како ракот и дијабетесот стануваат посмртоносни од заразните болести.

    Извештајот објавен од организацијата ги испитува смртните случаи од незаразни болести на срцето и белите дробови и болести како што се ракот и дијабетесот.

    Според извештајот, околу 41 милион луѓе годишно умираат од рак, дијабетес и хронични респираторни заболувања.

    Покрај тоа, 17 милиони луѓе на возраст под 70 години починале во 2019 година од незаразни болести. Околу 86 отсто од смртните случаи се регистрирани во земјите со низок или среден приход.

    Констатирано е дека загубата на животи поради незаразни болести е поголема од онаа поради заразни болести.

    Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека постојат евтини методи кои можат да се применат во светот за спречување на заразни болести.

    Тој предупреди дека ваквите болести може да станат најголема закана на векот доколку не се преземат мерки на претпазливост.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img