Судскиот совет одобри притвор и му го одзеде имунитетот на врховниот судија Наќе Георгиев

By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Судскиот совет одобри притвор и му го одзеде имунитетот на врховниот судија Наќе Георгиев кој вчера беше уапсен со 10.000 евра под сомнение дека вршел кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“.

Одлуката е донесена ноќеска на итна седница на Судскиот совет и како што се наведува во соопштението е донесена по барање на Основниот кривичен суд Скопје за одземање на имунитет на судија и за одобрување на притвор на судија.

Советот ги донесе следните одлуки:

„Го одзема имунитетот на судија на Врховниот суд на РСМ, заради непречено водење на кривичната постапка; го одобри барањето за одобрување на притвор на судија на Врховниот суд на РСМ поднесено од судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје и времено го оддалечи од вршење на судиската функција судијата на Врховниот суд на РСМ, до правосилно завршување на кривичната постапка“.

Share This Article
Exit mobile version