More

    Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека референдумот за враќање на смртната казна во Србија „може да помине“, но смета дека е неопходно да се иницираат измени на Уставот

    spot_img

    Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека референдумот за враќање на смртната казна во Србија „може да помине“, но смета дека е неопходно да се иницираат измени на Уставот, пишува српскиот портал Нова.

    – Навистина сум за смртна казна, но мислам дека е тешко да се дојде до таму. Само ако сакаме да го промениме Уставот… Сеедно дали тоа е реално или не… Потребна е промена на Уставот – рече Дачиќ, коментирајќи го предлогот на претседателот Александар Вучиќ за воведување смртна казна за најтешките кривични дела.

    Зборувајќи за осомничените за убиството на 2-годишната Данка Илиќ, тој посочи дека „некој треба да им суди на таквите монструми и криминалци“.

    – Мислам дека обичните луѓе би ги задавиле (убијците) со голи раце. Тука се поставува прашањето, ако сакаме да преминеме на смртна казна, прво треба да тргнеме од Уставот и да го смениме. Ако сакаме да го смениме Уставот, знаеме како се прави тоа – рече министерот.

    Тој потсети дека последната смртна казна во Србија е извршена во 1992 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img