Српската фолк пејачка Цеца Ражнатовиќ вчера стана баба по вторпат. Сопругата на Вељко Ражнатовиќ се породи и на свет го донесе малото момче Крстан.
Цеца по излегувањето од породилиштето им се обрати на насобраните новинари:
„Уште еден. 4.200 грама тежок, 54 см, ведар, убав, најубав. Можам да полетам, навистина. Пресреќна сум, ова е благослов од Господ. На овој ден е роден и мојот поранешен сопруг, а денеска се роди и Крстан. Нека му е на здравје и на среќа, на втор ден Велигден. Се што можеше да ни се случи убаво, ни се случи“, рекла Цеца.
„Јас така се испланирав. Пред да се роди Жељко и реков на Богдана дека вториот син ќе се вика Крстан и ете, се случи и тоа“, рекол гордиот татко Вељко.
Инаку, на вчерашен ден е роден и Жељко Ражнатовиќ Аркан, по кого го доби името првиот син на Вељко и Богдана. Малиот Жељко се роди во 2020 година.