Топ Вести - Слушај сега
По повод една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани во Собранието денеска се одржува комеморативна седница, на која присуствуваа пратеници, министри, претседателот на Собранието Арфим Гаши, како и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и премиерот Христијан Мицкоски.
Пред присутните се обрати претседателот на Собранието Гаши.
– После една година се собравме да се потсетиме. Се собравме како никогаш до сега, не како власт и опозиција, туку како опшство кое беше длабоко повредено од оваа ужасна трагедија. Да им испратиме порака на семејствата дека во оваа болка не се сами. Бранот на оваа болка не зафати сите, донесе болка, но и солидарност.
Оваа седница е да се потсетиме, но и да размислиме. Трагедии како оваа ни покажуваат дека одговорноста на институциите е поголема отколку што проценуваме и дека правдата е поважна отколку што замислуваме. Затоа е важно институциите, Јавното обвинителство, судовите, Министерството за внатрешни работи и сите истражни органи да работат во овој процес со професионализам, независно и целосно транспарентно. Правдата не треба да биде пребрза, но ниту задоцнета. Само правдата и вистината може да донесат мал спокој за семејствата и за општеството. Точно и прецизно да се таргетираат виновниците за оваа трагедија. Ова исто треба да биде лекција дека спроведувањето на законот на нашата држава е обврска од која никој не е амнестиран.
Сепак, не сум на оваа говорница за да оправдувам некого ниту да демантирам гласини што неправедно се обидоа да ја искористат трагедијата за други цели и да фрлат сенка врз институциите. Тука сум за да потсетам дека трагедиите никогаш не треба да бидат поле на раздор. Тие треба да бидат моменти на солидарност, на хуманост и на сплотеност.
Затоа што, почитувани присутни, во тие денови видовме дека никој не добива ништо од поделбите. Во најтемните моменти на земјата ја видовме и најсветлата страна на нашето општество. Видовме како блеска силата на хуманоста, утехата што ја носи солидарноста и искрената поддршка.
Оваа трагедија е последниот аларм за сите политички и општествени чинители, да се вратиме кон самите себе и нашата човечност, да се издигнеме како поединци, за повторно да ја изградиме државата од почеток, но овој пат на темелите на правда и чесност – рече Гаши.
На 15 март лани во дискотеката „Пулс“ во Кочани дојде до пожар во кој животот го загубија повеќе од 60 лица, а повеќе од 200 беа повредени.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
