More

    Со цел да се спречи евентуален дисбаланс на домашниот пазар и недостаток на јајца од кокошка најмалку 70 проценти од домашното производство на јајца ќе се пласира на домашниот пазар

    spot_img

    Со цел да се спречи евентуален дисбаланс на домашниот пазар и недостаток на јајца од кокошка најмалку 70 проценти од домашното производство на јајца ќе се пласира на домашниот пазар, одлучи денеска Владата, јави МИА.

    Таа ги обврза трговците на мало да продолжат да ја набавуваат вообичаената количина на јајца што ја набавувале во јануари и во февруари годинава и ја замрзна нивната цена на нивото од 15 март. Владината одлука со која денеска се замрзна и  цената на оризот ќе важи до 30 април месец.

    Како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, просечната цена на јајцата на 15 март изнесувала околу 8,5 денари, а најскапото чинело 9,8 денари зависно од пакувањето, амбалажата  и од трошоците што ги имале компаниите.

    – Многу е важно да се нагласи дека е зголемена побарувачката за производството на јајца од државава особено од нашите соседи, каде што цените се движат од 14 до 20 центи и нагоре. Тоа значи дека ако се дозволи целосен извоз, повеќето заради економски интерес би можеле да го насочат целото произвoдство во соседните држави. Затоа, дополнително, освен за замрзнувањето на цената е донесена и одлука за ограничувањето на извозот, при што 70 проценти од целокупниот пласман во јануари и февруари сите наши произвoдители да ги снабдуваат нашите синџири на маркети, а со тоа да нема недостаток на овој производ и да нема зголемување на цената како притисок однадвор особено од државите во регионот – рече Бектеши.

    Сите цени на јајцата, на табла, на парче, не може да бидат повисоки од тие на 15  март. Тоа се однесува и на увозните јајца, ако имале увоз во тој период.

    На денешната седница на Владата е разговарано и за евентуално за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот, а анализите што ги направило Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство треба да се достават до Министерството за економија и до Кабинетот на премиерот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img