Снимките од преминот во Романија и од трамваите во Виена сугерираат едно нешто

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Најмалку два автомобили во кои има жени кои личат на двете Романки од видеото од Виена преминале на граничниот премин Кладово-Турни-Северин со Романија, забележала српската полиција прегледувајќи снимки од камерите на преминот, пишува српски Информер.

Дали во едно од тие возила беше скриено мало девојче, кое наводно е малата Данка?, прашува Информер.

Претходно беше откриено дека мајката на девојчето го гуглала овој премин по исчезнувањето на Данка, како и дека родителите ја однеле Данка на специјалистички преглед пред исчезнувањето.

Истворемено, Полицијата во Виена разгледува снимки од трамваите 71 и 1 во градот кои сообраќаат на станицата каде беше снимено видеото од српски државјани на кое наводно е прикажана исчезната Данка со двете Романки.

Виенската полицијакористи специјален софтвер кој ги споредува контурите на лицата на девојката од видеото и исчезната Данка Илиќ со снимки од патници, пишуваат српските медиуми.

Но, исто така полицијата ги споредува начинот на одење, должината на карлицата, рацете и нозете и други детали. Овие антрополошки маркери се совпаѓаат во огромен процент, но сè треба да се земе со резерва поради квалитетот на снимката, бидејќи таа е снимена во темница и од поголема далечина.

–  Јас лично, како и моите соговорници во амбасадата, навистина одговоривме одговорно, посветено на нашата активност, која е извонредна. Она што досега имавме можност да го видиме е дека МУП и УКП постапуваат совесно. а тоа е приоритет на австриската полиција. Делот каде што е снимено видеото е добро покриен со антитерористички мерки, првенствено се мисли на видеонадзор. Постои техника која овозможува да се добие поквалитетно видео и така да се идентификува лицето – изјави Марко Благојевиќ, српскиот амбасадор во Австрија.

Share This Article
Exit mobile version