Британскиот музичар Маркус Мамфорд откри дека бил сексуално злоставуван како дете, а неговата мајка дознала дури кога го слушнала текстот на неговата песна 30 години подоцна.
Фронтменот на „Mumford & Sons“ рече дека го поминал својот живот со вечно чувство на срам по злоставувањето што го претрпел на шестгодишна возраст, „што било прво од серијата навистина невообичаени, нездрави сексуални искуства на многу рана возраст“.
„Како и многу луѓе, а јас за тоа учам се повеќе и повеќе како што одминува времето, бев сексуално злоставуван како дете“, изјавил тој за странските медиуми.
„Не од моето семејство или од Црквата, како што некои претпоставуваат, но никому не сум кажал 30 години“, продолжил тој.
Неговите родители Џон и Елеонор биле меѓународни водачи на неохаризматичната евангелистичка христијанска деноминација, Винјардските цркви.
„Поради некоја причина, а навистина не можам да разберам зошто, не извршив сексуална злоупотреба, иако и моето однесување во одредени моменти беше к**винско“, признал тој.
Тој му ги раскажал на терапевтот деталите од злоставувањето што го доживеал како дете, при што сеќавањето предизвикало повраќање, пред сеќавањето да го насочи во неговиот прв соло сингл „Канибал“.
„Сè уште можам да те вкусам и го мразам тоа. Тоа не беше избор во умот на детето и ти го знаеше тоа“, напишал Мамфорд на „Канибал“.
Музичарот се присетил како и ја пуштил песната на мајка си кога таа по два дена го прашала за што се работи во песната, а по неговото признание била целосно шокирана.
ФОТО: Flickr