More

    Скокна во река за да ѝ избега на полицијата, се измори и си легна на брегот

    spot_img

    Дилер на дрога во Велик Британија скокнал во река за да избегне апсење пред да колабира од истоштеност, објави британски Телеграф.

    Флин Џеферис побегна од полицајците во Сент Неотс, Кембриџшир, откако го забележале како седи на ограда со машка торба и мириса на канабис.

    Тој се обиде да го избегне апсењето скокајќи во река, но остана во водата само неколку минути пред да излезе за да се предаде на полицијата.

    Снимката од камерата на еден од полицајците покажува дека Џефрис силно е задишан и исцрпен лежи на брегот на реката.

    Тој беше уапсен откако полицајците пронајдоа дрога во вредност од 2.000 фунти во неговата чанта која ја врзал за гранки додека бил во реката.

    Во торбата имало кокаин, екстази и кетамин, како и 325 фунти во готовина.

    Џеферис, од Ајнсбери, Кембриџшир, во вторникот беше осуден на 3 години и 11 месеци затвор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img