Шести триумф за холанѓанецот сезонава

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Макс Верстапен победи на трката за Големата награда на Канада. Лидерот во генералниот пласман ја забележа шестата победа оваа сезона. Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез, не ја заврши трката, се откажа уште на самиот почеток.

Ферстапен победи пред Карлос Саинс од Ферари и Луис Хамилтон од Мерцедес. Бодови во Канада своија уште и Џорџ Расел (Мерцедес), Шарл Леклер (Ферари), Естебан Окон (Алпин), Фернандо Алонсо (Алпин), Валтери Ботас и Жу (Алфа Ромео) и Ленс Строл (Астон Мартин).

Покрај победникот, возач на денот е Леклер кој стaртуваше од последната позиција, а на крајот дојде до петтото место.

Траката во Канада беше релативно мирна, без поголеми возбудувања се до последните 20 круга кога на патеката излезе безбедноснотo возило. Претходно два пати возачите возеа по виртуелното возило за безбедност.

Во последните 15 круга, Саинс се обиде да ја оспори победа на Ферстапен, но во ниту еден момен не усеа да го нападне Холанѓанецот.

Share This Article
Exit mobile version