More

    Сериозни забелешки за Струмичкиот карневал

    spot_img

    Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија се згрозени и навредени од сè почестите антисемитски појави во нашата земја – се вели во нивното заедничко соопштение.

    Сметаме дека е апсолутно неприфатливо, под закрилата на „хуморот и сатирата“ да се исмеваат 6 милиони Евреи жртви на нацизмот од кои 7.144 Евреи од Македонија, а како што беше случај на карневалот во Струмица на којшто, помеѓу другите маски, беше и онаа со ликот на Хитлер. Таквата маска не е во духот на карневалот и е во спротивност со мултиетничкиот и мултиконфесионален карактер на Македонија и пораката „Едно општество за сите“. Таквата маска го отвора прашањето дали за нас Евреите има место во оваа држава – се вели во соопштението.

    Освен тоа, само неколку дена по Карневалот, на оградата на Еврејската заедница осамна графит со нацистички симбол – свастика, реагираат двете организации и прашуваат дали јавната промоција на маската на Хитлер во Струмица го потикна пишувањето на овој графит?

    Би сакале да потсетиме дека македонската Влада уште на 8 март 2018 година, по повод одбележувањето на 75-годишнина од депортацијата на Евреите од Македонија ја прифати работната дефиниција на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот (ИХРА) за борба против антисемтизмот, а потоа и работната дефиниција за искривоколчување и негирање на холокаустот. Усвојувањето на овие два документи значи и обврска за постојан ангажман и конкретно делување на сите институции на државно и локално ниво, но и на граѓанското општество и на сите нас како граѓани на оваа држава во спречувањето на ваквите појави а не нивна јавна промоција. Воедно, би сакале да укажеме дека уште во 2017 година Еврејската заедница предложи дополнување на Кривичниот законик, кои беа прифатени од работната група при Министерството за правда, а со коишто ваквите појави би се санкционирале соодветно, но за жал истите досега не се имплементирани“ – се вели во заедничкото соопштение на Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img