Села не кажуваа дали сами ќе одат на избори – Го обвини Таравари дека ја уништувал Алијанса

By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Зијадин Села е избран за претседател на Алијансата на Албанците, а од функцијата е разрешен Арбен Таравари на денешниот четврти конгрес на партијата. На вонредниот конгрес што, како што кажа Села во изјава за медиумите, е свикан според одлуката на Централното собрание на партијата на кое беше донесена иницијатива за разрешување на Таравари учествувале 591 делегат од вкупно 837 колку што има партијата, со што можело легално да се носат одлуки со просто и двотретинско мнозинство.

– Со предлог на ограноците на Алијансата за Албанците на денешниот конгрес статутарно е одлучено јас да бидам единствен кандидат за претседател на партијата што јас го прифатив. Ние сме во ситуација во која не воведе поранешниот претседател, но ги уверувам граѓаните и членовите на Алијаса за Албанците дека ќе станеме уште појаки и уште поконкурентни за да излеземе и да се соочиме и со граѓаните на претстојните избори и да победиме на тие избори – изјави Села по завршување на конгресот.

Прашан кој е сега легален претседател на партијата, Села одговори дека тоа е оној претседател кој се избира така како што пишува во Статутот на партијата и додаде дека правото за да биде избран или разрешен го има членството на партијата и органите на партијата, а не Таравари или Села.

Тој го обвини Таравари за низа прекршоци почнувајќи од етичкиот кодекс на партијата, а завршувајќи со статутот кој, како што кажа, е прекршен во неколку членови.

– Денеска јас не разрешував никого туку бев само еден од тие што гласа. Легален претседател е оној претседател што се избира таму каде што се дава одговорност и од претседателот на партијата и од кој било друг избран од функционерите од Алијансата за Албанците. Минатата недела ние имавме Централно собрание каде претседателот на партијата одлучи да не дојде и да избега од одговорност. Централното собрание е органот кој одлучува и донесе иницијатива за одржување на овој вонреден четврти конгрес. Затоа сме денеска тука за да го испочитуваме тоа што е напишано во Статутот на партијата и денеска Конгресот одлучи со 591 глас да се разреши господинот Таравари од функцијата претседател на партијата – рече Села.

Тој повика Таравари да ја почитува одлуката што ја донесе Конгресот и, како што рече, да се врати во она што значи органи на партијата и да почне да го почитува Статутот.

На прашањето дали Алијанса за Албанците самостојно ќе настапува на претстојните претседателски и парламентарни избори и дали ќе има свој кандидат за претседател на државата, Села рече дека одлука за тоа ќе носат Централното собрание и Централното претседателство, а медиумите навреме ќе бидат известени за тоа.

– Денеска е денот кога Алијанса за Албанците се враќа во структурите и се враќа себе си. Последните месеци за жал Алијанса за Албанците беше пазар за поткусурување за други политички партии. Во тоа е и одговорот зошто не се свикаа органите на партијата – Централното претседателство каде треба да се соочиш. Од денеска се враќаме на органите на партијата, почнувајќи од Централното собрание, Централното претседателство каде ќе имаме одлуки за кои ќе бидете известени – потенцира Села.

Во петокот во Скопје конгрес одржа крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари, а тој беше реизбран за претседател на партијата.

- Advertisement -

Расколот во партијата почна откако Таравари објави дека ќе ја поддржи албанската опозиција на изборите, а Села рече дека партијата не е консултирана и дека тие ќе одат на избори самостојно.

Share This Article
Exit mobile version