Сѐ уште нема договор, тајните преговори траат

By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Преговорите меѓу САД и Русија за размена на затвореници, вклучувајќи ја и кошаркарката Бритни Гринер, мора да се водат тајно и без помпа, соопшти денеска Кремљ.

Меѓутоа, се уште не е постигнат договор за размена на затвореници од висок профил, за ДПА наведуваат руските власти, во изјавата што дојде еден ден откако американски официјални лица изјавија дека ова прашање ќе се разговара во блиска иднина.

– Знаеме дека за такви прашања се разговара без да се објавуваат никакви информации. Јавноста вобичаено за тоа дознава кога договборите веќе се спроведени, изјави телефонски портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека американската администрација работи на постигнување договор со Русија што ќе им овозможи на Гринер и на уште еден притворен Американец, Пол Вилан, да се вратат дома.

Според неколку извештаи, рускиот трговец со оружје Виктор Бут, во замена, би можел да биде ослободен од американски затвор.

Гринер се соочува со 10-годишна затворска казна бидејќи при враќање во САД, во февруари, во нејзиниот багаж на аеродром во Москва било пронајдено масло од канабис. Таа професионално игра кошарка во руската лига, додекаво САД не е во тек кошаркарската сезона. Судскиот процес против неа за поседување дрога е во тек.

Порпаролката на руската дипломатија, Марија Захарова, во соопштение за медиумите потврди дека преговорите се во тек, но не нададе детали за разговорите и објасни дека засега нема договор за размена на затвореници.

– Пристапуваме со претпоставка дека во преговорите треба да се земат предвид интересите на двете страни – рече таа.

Блинкен синоќа на брифинг во Вашингтон кажа дека наскоро ќе разговара за случајот со неговиот руски колега Сергеј Лавров, како и за продолжување на извозот на жито од Украина.

- Advertisement -

– Планирам да се осврнам на темата што за нас е приоритет: ослободувањето на Пол Вилан и Бритни Гринер, кои беа неправедно уапсени и треба да им биде дозволено да се вратат дома – рече тој.

– Пред неколку недели ставивме значајна понуда на преговарачка маса за да го олесниме нивното ослободување – додаде тој, одбивајќи да каже каква е понудата.

Share This Article
Exit mobile version