Руската паравоена група „Вагнер“ е регистрирана во Белорусија, а нејзините активности се означени како образовни услуги, според белорускиот државен регистар на правни лица

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Руската паравоена група „Вагнер“ е регистрирана во Белорусија, а нејзините активности се означени како образовни услуги, според белорускиот државен регистар на правни лица.

Друштвото со ограничена одговорност „Група Вагнер“ е регистрирано на почетокот на август, а како вид на дејност на правното лице се наведени „други видови на образование“, пренесува РИА.

Според локалните медиуми, сопственик на новото правно лице е руската компанија „Конкорд менаџмент и консалтинг“, на чело со Евгениј Пригожин, основачот на „Вагнер“.

Литванската влада претходно денеска објави дека одлучила да затвори два од шесте гранични премини со Белорусија поради „геополитички причини“, само неколку недели откако борците од руската паравоена група „Вагнер“ пристигнаа во Белорусија.

Полска претходно го зголеми бројот на војници на границата со Белорусија поради загриженоста за активностите на Вагнерците.

Share This Article
Exit mobile version