More

    Русите ги камуфлираат бомбардерите, прашање е што ќе покаже радарот

    spot_img

    Русите ги покриваат своите стратешки бомбардери Ту-95 кои можат да носат и нуклеарни боеви глави – со автомобилски гуми. Ова го покажуваат сателитските снимки од базата Максар од Енгелс, длабоко на руска територија, пишува Си-Ен-Ен. Експертите се поделени дали оваа тактика ќе ги камуфлира авионите од украински напади.

    Додека експертите велат дека ова ќе ја намали видливоста на руските авиони за украинските дронови, особено ноќе, Франциско Сера-Мартинс од фабриката за дронови „One Way Aerospace“ чии летала ги користат Украинците не мисли така.

    Тој за Си-Ен-Ен ќе изјави:

    – Тоа може да го намали термичкиот потпис за изложените стратешки авијациски средства поставени на престилките на аеродромите, но тие сепак ќе можат да се набљудуваат под инфрацрвените камери.

    Според друг експерт, Стефан Воткинс, кој е консултант за истражување со кодови кои следат авиони и бродови, оваа камуфлажа може да работи зависно од тоа каква е главата на дронот кој ги следи.

    Тој додава и дека гумите може да се користат за да се спречи фрагментацијата на експлозијата над авионот за таа да не го пробие авионот.

    Воен претставник на НАТО изјави за Си-Ен-Ен дека Алијансата знаела за гумите. Службеникот зборуваше под услов да остане анонимен, бидејќи тие не беа овластени да зборуваат со медиумите.

    – Веруваме дека тоа е наменето за заштита од беспилотни летала – изјави претставникот за Си-Ен-Ен.

    – Не знаеме дали ова ќе има некаков ефект – признава тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img