Русинот Медведев ќе му го украде првото место на Ѓоковиќ?

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Првиот светски рекет, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе му честита на Русинот Данил Медведев, кој оваа недела може да го симне од врвот на АТП рејтингот.

Медведев оваа недела учествува на турнир во Мексико Сити (Мексико), а Србинот во Дубаи (Обединети Арапски Емирати).

Пласманот во рангирањето ќе зависи од нивните резултати на овие турнири.

– Тоа ќе се случи еден ден. Медведев ќе стане првиот рекет на светот. Ако ова се случи оваа недела, јас ќе бидам првиот што ќе му честита – рече Ѓоковиќ на прес-конференција.

Да напоменеме дека за Ѓоковиќ турнирот во Дубаи ќе биде прв по скандалот со визата во Австралија.

Share This Article
Exit mobile version