More

    Ријана ја опиша првата средба со дечкото АСАП Роки

    spot_img

    Музичката ѕвезда Ријана веќе пет години ужива во врската со раперот АСАП Роки, со кого има две деца.

    Нејзината прва средба со раперот се случила во 2012 година на доделувањето на Ем-ти-ви музичките видеонагради, а сега Ријана раскажа како се запознала со него.

    „Ме зграпчи за задникот. Тоа се случи на денот кога се запознавме. Мојот тим беше загрижен дека сакам да му ја ставам главата на послужавник. Помислив: „Ах, не“. Поради тоа сите рекоа: „Боже мој. Тој ѝ се допаѓа““, раскажала Ријана.

    Меѓутоа, требало да поминат години пред Ријана и Роки да бидат подготвени да стапат во врска, до 2019 година.

    Таа се осврнала и на тоа како на почетокот не била сигурна дали Роки е вистинскиот.

    „Само дозволив да се случи што и да се случи. Тоа беше само: „Ова е цвет. Или ќе умре или ќе процвета, но ќе дозволам да се случи“, рекла таа.

    Ријана додала дека се надева дека ќе продолжи да го проширува своето семејство со раперот.

    „Не знам што сака Бог, но би се согласила и на повеќе од две деца“, рекла пејачката.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img