More

    Ревизорите го потврдија тоа на што одамна се жалат многу пензионери

    spot_img

    Државниот завод за ревизија воочил дека во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се прават технички грешки поради кои може да има нереални пресметки на пензиите, а исто така многу тешко е грешките да се корегираат без интервенција на корисниците.

    Во обемната Ревизија на ДЗР за работата на Фондот за ПИО се наведени редица забелешки, пропусти, недоследности и неправилности во работењето. Постојат нераспоредени пари што лежат на сметката на Фондот за ПИОМ, несоодветни пресметки на пензии, исплата на пензии на починати луѓе, недостиг на потребен кадар во Фондот… Ова се забелешките на кои со години укажуваат ревизорите, а ги има и во новиот извештај изготвен од Државниот завод за ревизија. Препораки што ги дава ДЗР со секој исвештај речиси воопшто не се почитуваат, не се вршат корексии и не се применуваат. Од десет препораки дадени со извештајот за 2012, само една е целосно применета, а три се делумно применети. ДЗР исто така иска

    ува сериозни резерви во одос на вистинитоста на податоците што ги добива од ПИО при спроведувањето на ревизијата.

    Една од најголемите забелешки се однесува на техничките грешки при пресметките за утврдување на висината на панзиите.

    Електронскиот систем има вградени контроли и автоматско преземање на податоците за корисниците, износите за исплата и коефициентите за усогласување на пензиите, но се случува параметрите од кои зависи утврдувањето на висината на пензиските примања поради технички проблеми да не се преземат целосно точно, поради што има ризик од грешки во пресметките, а мала е извесноста за корекции без реакција на корисникот“, пишува во ревизорскиот извештај.

    Покрај техничките проблеми има и осигуреници за кои нема податоци во матичната евиденција на Фондот и тие имаат големи тешкотии во обезбедување на потребната документација за докажување на стажот од соодветните правни субјекти и институции.

    „Вообичаено станува збор за ликвидирани субјекти, за кои во Државниот архив не секогаш се наоѓа соодветната документација и за оваа документација воопшто не е започнат процесот на дигитализација“, нагласи ревизорот.

    Според Извештајот, дури 2,5 милиони евра од придонесите се нераспределени и така стојат на сметка и не им се евидентираат во пресметките на оние што плаќаат за пензиските денови.

    „На уплатната сметка на Фондот – сметка за уплата и распределба на придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, на крајот на 2021 година има нераспределени средства во износ од 156.102.000 денари (околу 2,5 милиони евра н.з) , од кои дел во износ од 90.971.000 денари (околу 1,5 милиони евра н.з) се салдо на наведената сметка од претходни години кои Фондот не може да ги користи за исплата на пензии, а осигурениците немаат можност да ги остварат правата од ПИО“, пишува во Извештајот.

    Според објаснувањето, нараспределените пари се од неалоцирани средства најчесто при уплата на придонес за работа со скратено работно време и времено ангажирани лица за кои Фондот нема добиено соодветни пријави/одјави за вработување и регистрација на обврзник, потоа неидентификувани уплати настануваат како резултат на поднесени месечни пресметки за плата со неточни податоци или со променети матични односно даночни броеви или, пак, при делумно или погрешно (повеќе или помалку) уплатени средства од страна на обврзниците.

    За разрешување на дел од неидентификуваните уплати, Фондот континуирано носи решенија за поврат на средства за погрешно уплатените износи, изготвени од Одделението за наплата на придонес врз основа на поднесено барање, но наплатата е со мал ефект, забележува Ревизорот.

    Уште се провлекуваат старите проблеми од времето кога не постоеше концептот бруто-плата, па посебно се уплатуваше платата, посебно придонесите – пензискиот и здравствениот. Најголем дел од побарувањата за неплатен придонес заклучно со 2008 година се од неактивни обврзници или обврзници за кои е покрената стечајна постапка и за нив постои неизвесност за наплата. Државниот завод за ревизија со овие констатации ги потврдува многубројните случаи во нашето секојдневие кога работници што работеле останале без пензија, или пак, кога отишле во пензија се соочуваа со болната вистина дека за многу години пензискиот придонес не им бил плаќан.

    Друга забележана аномалија е тоа што има случаи да се зема пензија за починати пензионерии како сомнителните исплати по основ се проценети околу 2,5 милиони евра

    По основа на штети за исплатени пензии на починати корисници, времени пензии, семејни пензии или друг вид неосновани исплати на пензии, во сметководствената евиденција на Фондот се искажани побарувања од граѓани во вкупен износ од 3,6 милиони евра, од кои сомнителни и спорни побарувања се 2,5 милиони, што претставува намалување од 2,1 процент во однос на 2020 година. Според ревизорите, ова претставува недоволен степен на наплата на овие побарувања и покрај континуираното креирање предмети за штети од граѓани.

    Извршителите му се навртеа на Фондот

    Ревизорите утврдиле дека е воспоставена практика дел од извршителите да извршуваат налози за извршување, во кои како должници се јавуваат корисници на пензија, а притоа паричните средства директно се повлекувани од сметката на Фондот, иако тоа е забрането со закон.

    „По извршена анализа, Фондот констатира дека одредени извршители, откако биле известени од стручната служба на Фондот дека не се во состојба да го реализираат налогот за извршување од повеќе причини (починат корисник на пензија, корисник со најнизок износ на пензија, корисник за кој веќе се задржува 1/3 од пензијата по друг налог за извршување) пристапиле кон извршување директно од сметката на Фондот“, пишува во Извештајот и се објаснува дека во 2021 година на овој начин 8 извршители повлекле 20.000 евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img