More

    Речиси 60 осто од родителите во училиштето Владислав Рибникар во Врачар во Белград се на став дека нема да ги вратат своите деца во училиште од среда додека не се изврши реконструкција на зградата, а со цел децата повторно да не ја доживеат таа траума

    spot_img

    Речиси 60 осто од родителите во училиштето Владислав Рибникар во Врачар во Белград се на став дека нема да ги вратат своите деца во училиште од среда додека не се изврши реконструкција на зградата, а со цел децата повторно да не ја доживеат таа траума.

    Ова за српската телевизија Нова го изјави Војин Шаљик, татко на прваче од училиштето по состанокот кој родителите го одржале.

    Тој истакна дека ова не е официјален став на Советот на родители во целина, туку, како што рече, ги слуша потребите на децата и родителите за начин како да се реши ситуацијата“.

    Шаљик откри и дека аргументот на претставниците на српското Министерство за образование е дека треба да дојдат во среда, дека ќе има психолози да дојдат да разговараат со децата.

    – Тие изразија јасен став дека враќањето на училиште е неопходно и единствено можно решение, со што не се согласуваме – повтори Шаљиќ.

    Според неговите зборови, постои договор заедницата да се интегрира во целина, да се започне групна работа, да се собере одделението, да се преместат од местото на настанот, додека училиштето се реновира.

    Помошник-министерот за образование Милан Пашиќ претходно вечерва изјави дека учениците од тоа училиште од среда на 10 мај ќе се вратат на настава, но не на нормална настава, туку, како што наведе, ќе бидат обезбедени со помош на стручни лица.

    Денеска ќе бидат погребани четирите деца, кои ги уби 13-годишниот Коста Кецмановиќ во пукање во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар.

    За време на викендот беа погребани 13 жртви од двата масакри што ја завија Србија во црно. Во Белград во саботата беа погребани четворицата ученици од основното училиште „Владислав Рибник“ и чуварот на тоа училиште Драган Влаховиќ, кој загина од рацете на основец.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img