Иранската агенција Тасним објави фотографија на која се гледа иранскиот претседател Ебрахим Раиси во хеликоптерот во кој доживеа фатална несреќа.
Иранските медиуми објавија и фотографија обезбедена од новинската агенција на Исламската Република ИРНА, на која хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиси полета кон иранската граница со Азербејџан откако претседателот Раиси и неговиот азербејџански колега Илхам Алиев ја отворија браната Киз Каласи.
Претседателот Ебрахим Раиси загина заедно со министерот за надворешни работи на земјата Хосеин Амир-Абдолахиан во хеликоптерска несреќа во неделата во оддалечениот северозапад на земјата, потврдија државните медиуми.
Објавена е и снимка од остатоци од хеликоптер во планински дел на Иран.
Ебрахим Раиси важеше за конзервативен политичар, застапник на „тврда линија“и штитеник на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи. Неговата загуба се очекува да донесе дополнителна неизвесност во земја која веќе е под голем економски и политички притисок со тензии со блискиот Израел.