Рафиња се сели во Барса за 58 милиони евра

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Челниците на премиерлигашот Лидс ја прифатија понудата од Барселона за трансфер на бразилскиот фудбалер Рафиња, објави денеска на својот твитер профил познатиот италијански спортски новинар Фабрицио Романо.

Новинарот, кој важи за сигурен извор на информации поврзани со трансфер пазарот, посочи дека Барселона понудила 58 милиони евра плус 10 милиони евра во бонуси.

Договорот би требало да биде финализиран во следните неколку денови по што Рафиња ќе допатува во Барселона на медицински прегледи и потпис.

Рафиња (25) последните две сезони ги мина во дресот на Лидс, настапувајќи претходно за Аваи, Виторија Гимараеш. Спортинг и Рен.

Share This Article
Exit mobile version