More

    Радев ѝ додели мандат на Габриел

    spot_img

    Бугарскиот претседател, Румен Радев, денеска ѝ го додели мандатот за формирање нова влада на досегашната министерка за надворешни работи Марија Габриел од централнодесничарската коалиција ГЕРБ-СДС, согласно договорот за поделба на власта меѓу двете главни политички партии, според кој секоја од нив ќе има свој премиер девет месеци.

    Двете партии постигнаа договор за поделба на власта по минатогодишните избори во обид да стават крај на 2,5-годишната политичка криза, да ја вратат стабилноста и да го поттикнат економскиот развој во најсиромашната земја-членка на Европската Унија.

    Досегашниот премиер Николај Денков од реформската коалиција „Промените продолжуваат“ на почетокот на март се повлече од функцијата по „неговите“ девет месеци, со што го отвори патот за именувањето на Габриела.

    Прифаќајќи го мандатот, Габриел денеска изјави дека тоа го прави „со чувство на одговорност бидејќи на Бугарија ѝ треба стабилност“.

    Беше најавено и дека таа во новата влада ќе го задржи ресорот надворешни работи, што аналитичарите го гледаат како гаранција дека Бугарија ќе остане на својот прозападен пат.

    Габриел има рок од седум дена да го назначи новиот кабинет, кој потоа мора да биде потврден со гласање во бугарскиот Парламент.

    Нејзината коалиција ГЕРБ има 69 места во 240-члениот парламент, а реформистичкиот блок има 63 места.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img