Раде Штекли е еден од повредените, другото лице со прострелна рана во стомакот однесено на операција

By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Раде Трајковски – Штекли е лицето кон кое беше пукано во гаражните простории во трговскиот центар Ист Гејт. Според нашите извори, другото лице кое е повредено е негов пријател кој заедно со него бил во фитнес центарот во трговскиот центар.Изворите велат дека Штекли е полесно повреден, додека пак другото лице е во критична состојба бидејќи му било пукано во стомакот и мора да биде оперирано. И двајцата, според неофицијалните информации до кои дојдовме, биле веднаш пренесени со возила на брзата помош, Раде Трајковски на скопските клиники додека пак лицето кое ќе биде оперирано во старата градска болница, Наум Охридски.

Ова е вторпат да се пука кон Штекли. Првиот пат, на 25 август годинава, исто така во подземните гаражи во Ист Гејт, но тогаш Трајковски не беше погоден. Неговото име претходно се споменуваше поврзано со убиството на младиот фудбалер, Мартин Јанушев, а беше поврзан и со големиот случај со наместени натпревари во италијанскиот фудбал

Share This Article
Exit mobile version