Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, вечерта во петокот бил претепан од страна на непознати сторители во Скопје, објави Алсат. Веста ја пренесоа повеќе медиуми.
Сејдини заедно со уште еден придружник биле во скопскиот ресторан „Балканика“, а по напуштањето на состанокот биле нападнати од маскирани лица.
Напаѓачите ги истепале првиот човек на македонскиот фудбал и неговиот придружник.
Засега не е познато како и дали е повреден Муамед Сејдини. Се очекува информација од МВР во врска со случајот.