Против британскиот комичар Расел Бренд (48) е покрената истрага откако неколку жени го обвинија за сексуално вознемирување и злоупотреба, соопшти лондонската Метрополитенска полиција, пишува „Си-ен-ен“.
– По истрагата на „Диспече“ на Канал 4 и „Сандеј тајмс“, полицијата прими низа обвиненија за сексуални престапи во Лондон – се наведува во соопштението.
Да потсетиме, Бренд е обвинет за силување, напад и емоционална злоупотреба помеѓу 2006 и 2013 година. Тогаш беше на врвот на својата слава, работеше за „Би-би-си“, „Канал 4“ и глумеше во холивудски филмови.
Тој за обвинувањата се огласи на социјалните мрежи.
– Ова беше неверојатно напорна недела и благодарност до сите вас кои се сомневавте во информациите што ги добивате – рече тој на снимката.
Една од жртвите која го обвини Расел имала само 16 години кога актерот ја злоставувал.
Полицијата ги охрабрува другите потенцијални жртви да се јават.
Полицајците ќе понудат посебна поддршка на сите жени кои изнесоа обвиненија.
Истрагата ја спроведуваат детективи од Централната специјалистичка команда за борба против криминал на Митрополитен, предводена од детективот началник Енди Фурфи.
„Продолжуваме да ги охрабруваме сите кои веруваат дека можеби биле жртва на сексуален прекршок, без оглед на тоа колку одамна било тоа, да контактираат со нас. Разбираме дека се чини дека тоа е тежок чекор и сакам да ве уверам дека на располагање имаме тим од специјалисти за советување и поддршка“, изјави Фурфи за „Дејли мејл“.
Инаку, Бренд моментално е во брак со писателката Лора Галачер. Парот се венчаше во 2017 година, а тој претходно беше во брак со пејачката Кети Пери (38).