На 30.10.2023 во 15.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д. (42) од Куманово. Тој се сомничи дека на 29.10.2023 насилно влегол во деловен објект на бул. „Октомвриска револуција“ во Куманово и одзел повеќе предмети. М.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.